Нови фотографии на севернокорејскиот лидер, Ким позира насмеан во бел костум

Насмеаниот севернокорејски лидер Ким Џонг-ун беше снимен како претседава на седницата на Централниот комитет на владејачката Работничка партија.

На фотографиите објавени од режимот, Ким може да се види како седи на голема тркалезна маса во бел костум, а покрај него седат неговите искусни помошници Чое Рионг-хае и Пак Понг-ју.

Ниту еден од присутните на состанокот не носеше маска, а коронавирусот не беше споменат во извештаите на државните медиуми за седницата.

Наместо тоа, на состанокот се разгледуваа детално некои клучни прашања за натамошниот развој на независната економија на земјата и подобрувањето на животниот стандард на луѓето“, објавија локалните медиуми.

Овие фотографии пристигнаа неколку недели откако Ким се појави на отворањето на фабриката за ѓубрива, разбивајќи ги шпекулациите дека е тешко болен, па дури и дека починал.

Треба да знаете
Последни објави