Комисијата за заразни болести ќе ѝ препорача на Владата враќање на полицискиот час, но од 22 часот до 5 часот во критичните места со голем број активни случаи на КОВИД-19, како Скопје, Тетово, Штип и Куманово, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. За останатиот дел од државата не се препорачуваат дополнителни рестрикции.
Предлогот за враќање на полицискиот час во овие места е најмногу за да се ограничи движењето на младите, поради тоа што тие неконтролирано се собираат по паркови, на Водно и слично, а сендвичарите, пицериите и пекарите, сите работат и по 22 часот, практично цела ноќ.
Активни случаи до вчера имаше 1.226 лица, од кои најмногу во Скопје – 658. Потоа следуваат Куманово со 140, Штип со 136 и Тетово со 119. По општини, активни случаи во Скопје заклучно со вчерашните случаи се: Чаир 152, Бутел 59, Гази Баба 58, Аеродром 53,Сарај 52, Центар 52 и Карпош 40.