Ако во четрвртокот, пред почетокот на 80 часовиот карантин во кој се најде главниот град Скопје поради пандемијата со коронавирусот, беше проблем да се излезе што побрзо во попладневните часови од македонската престолнина, утрово беше слично и многу понервозно за граѓаните да се вратат назад и навреме да стигнат на работните места. Карантинот заврши утрово, а во 5 часот беше стартот за неколку десетина илјади автомобили кои требаше од сите страни на земјава да пристигнат назад во Скопје.
Тоа беше причина побегнатите скопјани од карантинот при враќањето од Охрид, Дојран, Берово, Маврово… да се соочат со сообраќајна нервоза на влезовите во градот. Така првиот подолготраен застој за повратниците од западниот дел е евидентиран кај Вруток.
За оние пак кои се враќаа од источните и јужните делови на земјата застојот ги пречека во Автокоманда.
Не беше ни малку пријатно да се стои во километарските колони, иако надлежните од ЈП Државни патишта беа подготвени за ваквиот наплив на автомобил и оспособија повеќе наплантни пунктови на патарините во правецот за Скопје само да им го намалат времето на чекање на граѓаните.