Демонстрантите-поддржувачи на движењето „Блек лајвс медр“ во Бристол ја срушија статуата на филантропот и пратеник Едвард Колстон и ја фрлија во пристаништето поради неговите врски со трговијата со робови, пренесува „Вашингтон пост“.
Едвард Колстон, кој живеел од 1636 до 1721 година, го користел своето богатство за финансирање прифатилишта за сиромашните, болници, училишта и другите хуманитарни институции во Бристол, Лондон и насекдаде во Британија.
Колстон заработил голем дел од своето богатство со трговија со овошје, ткаенини и вино. За жал, тој живеел во време кога ропството се сметало за легитимен бизнис, не само во Европа, туку и во Африка, а дел од своето богатство го заработи со трговијата со робови – особено додека билчлен на одборот на Кралската африканска компанија од 1680 до 1692 година.
Затоа, Колстон стана омразен лик за левицата во последниве години, а активистите во Бристол статуата и спомен-плочата на овој, како што вели историјата мудар и виртуозен син на градот, со да бидат отстранети од сите места и тој да се памети само како злобен човек.
Оваа долга кампања во неделата кулминираше со уривање на неговата статуа од 19 век од страна на толпата која наводно протестираше поради смртта на Џорџ Флојд од другата страна на Атлантикот и покрај строгите мерки за борба против пандемијата на коронавирус со кои се забрануваат масовните собири.
Потоа луѓето толпата ритуално ја тепаа паднатате статуа, ја вандализираа со боја, ја одвлечкаа до пристаништето и симболично го удавија – додека полицијата гледаше без да интервенира.
Властите првично изгледаше како да се предадоа тотално на нелегалниот протест и на вандализмот, а надзорникот Енди Бенет го опиша Колстон како „историска личност која ѝ предизвикала на црнечката заедница многу маки“, велејќи дека разбира зошто се случил вандализмот, за кој рече дека е многу симболичен.
„Донесовме тактичка одлука дека ако ги спречиме да го сторат делото, може да предизвикаме понатамошно нарушување и решивме дека е најбезбедно, во смисла на полициска тактика, да дозволиме тоа да се случи“, објасни тој .
Bristol Police not intervening in statue being pulled down ‘tactical decision’ as it risked ‘further disorder’.
So if you threaten a big enough disorder you can do what you want now?
— Michael Heaver (@Michael_Heaver) June 7, 2020
Официјалната изјава на градоначалникот на Бристол, Марвин Рис, беше подеднакво лежерна, при што лабуристичкиот политичар рече:
„ Ги повикувам сите да ги предизвикаат расизмот и нееднаквоста во секој агол на нашиот град и каде и да ги гледаме “.
Сепак, сега се чини дека ќе има истрага за уништувањето на статуата, можеби поради притисокот на владините министри како Прити Пател и Кит Малтхаус, кои се незадоволни од вандализмот.