Службите за одржување и изведба на нова инфраструктура на Општина Карпош деновиве интензивно работат на изградба на нова пешачка зона – тротоар на улицата „Вангел Дину“ во Влае 1, а истовремено се работи и на поставување нови рабници.
Предвидена е обнова и на коловозот на оваа улица чија реконструкција е во тек, при што ќе се асфалира коловоз во должина од 208 метри и широчина од 5 метри.
Во претстојните денови треба да завршат сите реконструкции на оваа улица и се очекува истата да го добие завршниот лик.
Локалната самоуправа продолжува со одржување на постоечката инфраструктура, но и со пробивањето на нови улици, особено во периферните делови на општината.