Полицаецот Дерек Човин, кој го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, денеска првпат ќе се појави пред судот. Тој минатиот месец беше обвинет за убиство со предумисла, но и за убиство од небрежност.
Според американскиот правен систем, лицето може да се тужи по неколку точки – од најтешки опции, убиство со предумисла во овој случај, па до убиство од небрежност, што е најлесно обвинение во овој случај. Ако судот не го осуди по првото обвинение, сеедно може да го обвини по второто.
Другите тројца полицајци што се вмешани во смртта на Флојд – Томас Лејн, Џ. Александар Куенг и Тоу Тао, обвинети се за помагање убиство од втор и трет степен.
Смртта на Флојд предизвика бран протести против расизмот и полициската бруталност во светот.