Повеќе сакам џентлмени, Хурем Султан не сака да снима со Бред Пит

Турските медиуми пренесуваат дека  Мерием Узерли позната по својата улога на Хурем од серијата „Величенствениот“, му замерува на Бред Пит поради валканата битка која ја води со неговата поранешна партнерка, Анџелина Џоли, за старателството над нивните деца.
Хурем е позната како голем промотор на женските права, а во последните неколку месеци се обидува да се наметне и на холивудските продуценти и глумци. Во последен период, таа на социјалните мрежи објавува фотографии со познатите глумци како што се Ал Пачино, Џенифер Лопез и многу други славни манекенки и личности.
Како што пренесуваат турските таблоиди, Узерли изјавила дека иако сака да се најде во некој холивудски филм, добро ќе размисли ако треба да глуми со Бред Пит. Таа не се срами да го искриткува глумецот јавно, поради неговата валкана кампања против неговата поранешна партнерка Анџелина Џоли. Вели дека не сака да снима со популарниот актер Бред Пит затоа што повеќе сакала џентлмени.

Треба да знаете
Последни објави