За три дена, по извршени 163 контроли во угостителските објекти и кафулињата во грчките градови Атина, Солун и Патра, инспекторите од Националната служба за транспарентност и претставници на полицијата, во соработка со надлежните министерства, изрекле казни во висина од 6.300 евра поради непочитување на мерките за заштита од ширење на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Најголемиот дел од казните во периодот од 5 до 7 јуни, биле во Атина, од проверени 39 објекти, казната била вкупно 4.200 евра, а останатите се во Солун. Во Патра не бил регистриран ниту еден прекршок.
Од Националната служба за транспарентност соопштија дека контролите ќе се интензивираат во следниот период низ цела Грција.