Во Пакистан болниците останаа без слободни кревети, а стапката на смртност се зголемува

Властите во Пакистан соопштија дека се регистрирани над 100.000 заболени од коронавирус, а болниците немаат доволно капацитет да ги примат сите пациенти.

Владата соопшти дека има 103.671 заразен, а според вчерашните податоци, над 2.000 луѓе починале од коронавирус.

Но, бројот на заразени луѓе е во голема мера потценет поради недоволниот број на прегледи, па министерот за здравство во провинцијата Кибер-Пактунква, кон крајот на мај, изјавил за „Франс прес“ дека бројот на заразени е десет пати поголем од официјалните податоци.

Според еден извештај на властите во провинцијата Пенџаб, кој на почетокот на јуни протече во медиумите, наведува дека над 670.000 заболени има во градот Лахор, во кој има повеќе од 11 милиони жители.

Официјално, бројот на позитивни случаи на коронавирус тогаш бил 72.000 во цел Пакистан, кој има над 200 милиони жители.
Моментално речиси 1.400 пациенти се во критична состојба, а голем број болници немаат доволно капацитет да ги примат сите заболени. Исто така се зголемува и бројот на заболени здравствени работници. Во Карачи болниците почнале да враќаат пациенти.

Премиерот Имран Кан од почетокот на пандемијата се противеше на затворање на градовите, со што се овозможува спасување на луѓе од коронавирус, но не и од умирање од глад. Тој на почетокот на јуни ги укина мерките воведени на почетокот на март во Паистан.

Треба да знаете
Последни објави