Поранешната глумица и манекенка Кристен Занг која долго време беше во врска со глумецот Леонардо ди Каприо, откри зошто двајцата прекинале. Двајцата беа заедно од 1995 до 1999 година, пред да раскинат, само четири месеци откако таа наполни 25 години.
Добивај вести на вибер
Кристен сега вели дека сака да ѝ објасни на јавноста дека не биле годините во прашање. Таа излезе со изјава за People, набрзо откако Леонардо раскина со аргентинската глумица Камила Мороне, откако таа наполни 25 години.
„Јас сум многу приватна личност, како и мојот бивши дечко. Но, изминатиот период, за првпат почувствав дека сум приморана да споделам неколку работи. Лео и јас излегувавме четири години. Го запознав случајно преку пријател кога имав 19 години. Почнавме да излегуваме кога и двајцата наполнивме 21 година. Тоа беше друго време. Можевме да одиме на места и папараците да не не следат. Тоа беше 1995 година и Леонардо го снимаше филмот „Марвинова соба“. Се сеќавам дека го посетував на сетот. Тој ја гледаше „Пресудата за О Џеј Симпсон“, трејлерот со Мерил Стрип. Беше тоа надреален момент за една девојка од село од Мичиген како што сум јас“, рече Кристен.
„Тогаш бевме деца. моите пријатели ги знаеја неговите и Холивуд беше едно големо средно школо. Беше тоа, можам да се осудам да кажам, невино време. Бевме млади и зелени. Згодни зелени со гламурозни работи, но, сепак зелени. Излегувавме во забавни паркови, концерти, музеи и филмови. Бев со него кога го снимаше „Ромео и Јулија“, „Титаник“ и „Плажа“.
„Го посетував на разни сетови во различни земји. Ги сакав неговите пријатели, а тој ги сакаше моите. Бевме како едно големо среќно семејство. Лео е многу сладок и внимателен дечко. Имавме и тешки времиња како и секоја двојка и раскинавме во 1997 година. Потоа повторно бевме заедно. Тогаш, некаде околу 4 месеци пред мојот 25 роденден, ни заврши врската“, рече Кристен која додаде.
„Тоа беше избор кој самата го направив. Не знам како точно да ви објаснам, само почувствував дека сум подготвена врската да ни заврши. Како да ја надминав таа верзија на себе, холивудската средношколка. Сакав да разберам кој сум и што сакам. Сега, 20 години подоцна, кога ги прочитав сите наслови и онлајн коментари за неговата најнова поранешна девојка, за која се зборува дека остарела и дека е пресрата за него со нејзините 25 години, сакам да ви кажам само подобро да ги разберете работите и дека не е сè така како што ви се чини од прва“, рече Кристен и објасни и за работата како манекенка во нејзините рани почетоци.
„Кога бев млада манекенка, ми рекоа дека нашите кариери ќе ни завршат на 21 година. Сега среќна сум што гледам дека работите полека се менуваат за луѓето во таа индустрија. Гледајќи наназад, со 21 или 25 години немав поим која сум и што сакам. Завршив како модел, работев и како глумица и бев во неколку реклами. Но дури на 30 години ја најдов вистинската работа која ја сакам, производство на храна за кучиња. Основав сопствена компанија кога имав 33 години“, рече таа и додаде:
„Ја запознав љубовта на мојот живот кога имав 28 години, а се омажив кога имав речиси 40. Така што, за оние кои се помлади имам совет. Животот станува многу подобар по 25 година. Точно е дека имате повеќе брчки, но, исто така имате и повеќе самопочит и повеќе љубов кон себе си“, рече Кристен.
„Што се однесува до Лео и неговото најново раскинуваше, можеме само да претпоставуваме што се случило. Можеби таа навистина имала силни чувства за него, но била подготвена за следно поглавје, можеби тоа е само привремено. Но, мислам дека е време да престанеме со таквите светски наслови и коментари“, рече Кристен и додаде дека таа сега има 48 години и има среќен живот на село во Орегон.
„Живеам со мојот згоден маж, Шеа кој е градежник и кој е помлад од мене. Со мене е и слаткото куче спасител Харли Ди. Имам компанија која произведува храна за кучиња од локално потекло. На крајот излезе дека едвај сум ја изгребала површината на животот на моите 25 години“, рече Кристен.