– Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, попладнево ги вознемири жителите на Албанија.
Според Министертвото за одбрана,потресот е почувствцуван во 17:23 часот, со епицентар кај заливот Лазри,кај Драч на длабочина од шест километри.
Министертвото информираше дека освен вознемиреност кај жителите Тирана и Драч, земјотресот не предизвикал материјална штета.
Потресот е почусвтвуван и во западниот дел на Северна Македонија.
Неколку последователни земјотреси во Албанија се регистриран и синоќа, но посилен бил во 23:52 часот кај Туман, во близина на Драч, со јачина од 3,7 степени. Останатите шест биле со јачина од 1,6 до 2,6 степени според Рихтер.
Силен земјотрес од 6,4 степени со епицентар во Драч,беше регисриран на 26 ноември минатата година,во кој загинаа 51 лице а предизвикана беше огромна материјална штета која се проценува на над 1,2 милијарди евра.