Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски велат дека засега нема најави кога ќе се одржи вообичаената седница на Советот за безбедност пред завршувањето на тековното продолжение на вонредната состојба – в недела на 14 јуни, oбјави „360степени.“
Иако последните најави од Владата и од владејачкиот СДСМ беа дека веќе нема простор за продолжување на вонредната состојба и дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 5 јули, засега, како што потврдуваат од кабинетот на Пендаровски, нема најави ниту за нова лидерска средба.