Најмногу од завчерашните заболени се на возраст од 40 до 49 години, 51 од новозаразените кажале дека немале контакт со познат носител на вирусот

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, од 127 заразени со Ковид 19 завчера, најзастапена е возрасната група од 40 до 49 години со 27 позитивни, а дури 51 од новозаразените кажале дека немале контакт со познат носител на вирусот.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 68 лица од женски и 59 од машки пол.

Најмногу активни случаи има во Чаир-192, Штип -169 и Куманово-139.

Заклучно со 07.06.2020, пријавени се вкупно 3.152 случаи на COVID-19 (I=151,7/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Штип и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп Велес и Дебар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга.

 

Од епидемиолошки обработените случаи (n=3.141), 101 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 06.06.2020. Вкупно 1.846 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 07.06.2020 тестирани се вкупно 37.027 материјали (детектирани 3.152 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Со ова во Р. С. Македонија се направени 17.895 тестови на 1.000.000 жители.

Според исходот од заболувањето, 1.343 лица (42,6%) се активни случаи, 1.653 случаи (54,4%) се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување

Треба да знаете
Последни објави