Денес 87 новозаболени од ковид 19, еден починат

Бројката на новозаболени од корона вирусот денес е  87.Во последниве 24 часа, по направени 987 тестови, позитивни се 87 резултати.

– Скопје 41
– Куманово 12
– Штип 16
– Тетово 10
– Струга 1
– Охрид 2
– Гостивар 1
– Пробиштип 4

Излекувани се 5, а починал 1 пациент.

Со ова вкупниот број позитивни тестови во земјава достигна 3.242, бројот на излекувани е 1658, а починале 157 лица.

За конечен број се чекаат резултатите од една приватна клиника.  Според вчерашната статистика од Институтот за јавно здравје, регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група од 40 до 49 со 27 позитивни. Повеќето од заболените се од женски пол, 68, додека 59 се од машки пол.

Вчера во извештајот на ИЈЗ се наведува дека се регистрирани и три смртни случаи, од Скопје и Куманово. Случаите биле на возраст над 60 години. Имале симптоми и биле хоспитализирани на скопската Инфективна клиника каде и починале. Два од починатите имале коморбидитети и контакт со потврден случај.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави