Пронајден мртов маж на нива во кавадаречко

Вчера на влезот во селото Дреново, во нива, до трактор бил пронајден починат И.Ј.(72) од селото Дреново.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави