Комората на сметководители на Македонија денеска ќе дискутира за моменталната состојба и предизвиците со кои се соочуваат деловните субјекти во услови на неизвесноcт, како резултат на здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19.
Акцент ќе биде ставен на важноста од координација и комуникација меѓу државните институции со цел континуитет, исполнување на сите обврски и запазување на роковите, за да не се остави простор за слободно толкување на економските мерки и уредбите кои сметководителите ги спроведуваат во пракса.
Предлозите и сугестиите на Комората на сметководители на прес-конференција ќе ги изнесат Благоја Грозданов и Александра Андреева, членови на Управниот одбор на Комората на сметководителите.