Ем-ти-ви наградите одложени на неодредено време

Годинешните Филмски и ТВ награди на Ем-ти-ви беа одложени на неопределено време поради пандемијата на  новиот коронавирус, соопшти Контактмјузик.

Додека некои церемонии се спроведуваат виртуелно, организаторите од Ем-ти-ви не сакаат да го следат тој пример. Има гласини, сепак, дека доделувањето би можело да се одржи во декември, и така да остане засекогаш.

Настанот требаше да се одржи на 15 јуни во Лос Анџелес, со Закари Ливај како домаќин на свеченоста, а на 17 јуни да се емитува снимка на Ем-ти-ви каналите. Ова ќе биде првпат шоуто да не се одржи, откако постои, од 1992 година.

Видео-музичките награди, од друга страна, сѐ уште не се откажани. Тие би требало да се одржат на 30 август во „Барклејс центарот” во Њујорк, поточно Бруклин.

Треба да знаете
Последни објави