Работодавците во Соединетите Американски Држави (САД) во април отпуштиле 7,7 милиони луѓе, што е знак за длабочината на рецесијата предизвикана од пандемијата.
Министерството за труд на САД објави дека во април нагло опаднале понудите за работни места и за вработување.Како што се наведува, бројот на понудени работни места се намалил за 16 проценти од март, на пет милиони, додека бројот на оние што се вработиле во текот на април е намален за 31 процент – на 3,5 милиони.
По отпуштањето на 11,5 милиони луѓе во март, лошите резултати во април значат дека американската економија за самод ва месеци ги загубила добивките коишто ги градела скоро десет години и дека закрепнувањето би можело да биде долготрајно.
Владата на САД во петокот објави дека вработувањето закрепнало во мај, затоа што биле регистрирани 2,5 милиони повеќе вработени отколку претходниот месец. Сепак, се чини дека станува збор за вработени кои се вратиле на работа по присилното неплатено отсуство и лица со повремен работен ангажман, а не вработени со полно работно време чиј ангажман би значел дека економијата започнува да работи со полна пареа.