Во државен карантин 14 дена ќе одат лицата кои не сакаат да се самоизолираат или даваат лажни податоци, одлучи Владата, каде на седница бепе донесена измена на Уредбата од законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба.
Уредбата определува дека доколку некое лице одбие да го прими решението за самоизолација, или дава лажни лични податоци и лажни податоци во врска со лицата со кои што имало контакт во изминатите денови, или не ја применува мерката строга изолација во домашни услови (домашна самоизолација), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од 14 дена, во објекти определени од Владата на Република Северна Македонија, за што Министерството за внатрешни работи донесува решение.
Трошоците за сместување во тие објекти се надоместуваат од страна на тоа лице, информираат од Владата.