Интегрален текст од прес конференција на Д-р Марија Андоновска
„Состојбата со корона вирусот е алармантна! Наместо да покаже вистинска грижа за граѓаните, власта носи небулозни мерки од кои апсолутно никој нема корист. Потребни се прави мерки во вистинско време, а не мерки без ефект, задоцнети или во погрешно време. Не само што нема соодветни мерки во вистинско време, воедно се манипулира со бројката на новозаболени на дневна основа, како и со тоа дека вирусот слабее и го имаат под контрола.
Велеа дека имаме пик кога заболуваа по триесеттина луѓе дневно, а сега кога имаме три пати повеќе новозаболени на дневна основа, велат дека вирусот слабее. Филипче и Заев никако да се свестат дека приоритет треба да им биде здравјето на граѓаните.
Во земјите од регионот Македонија стана прва вест! Да, прва вест и сите се чудат како вирусот стивна секаде само не и во Македонија!
Филипче и Заев треба да дадат одговор, но не само тоа. Филипче и Заев треба да признаат пропуст, да се корегираат и да понесат одговорност.
Власта ги остави граѓаните сами во битката со корона вирусот.
Но, граѓаните треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде нивниот глас, да се најде решение за нивните проблеми со кои се соочуваат!
ВМРО-ДПМНЕ воедно дава максимална поддршка на целиот здравствен персонал од примарно, секундарно и терциерно здравство и силно апелира да се има слух за нивните реални потреби наметнати од ново настанатата ситуација.
Приоритет за ВМРО-ДПМНЕ било, и ќе биде здравјето на граѓаните!
Нема простор за политика, кога станува збор за здравјето на граѓаните!