Шведското обвинителство денеска соопшти дека премиерот Улоф Палме во 1986 година го убил Стиг Енстром, кој во меѓувреме извршил самоубиство, поради што завршува повеќедецениската истрага.
– Лицето е Стиг Енгстром. Со оглед на тоа што е мртов, не можам да поднесам обвинение против него и одлучив да ја затворам истрагата, изјави обвинителот Кристер Петерсон.
Енгсром се самоуби во 2000 година.
Кристер Петерсон
Вкупно 34 години по убиството на Улоф Палме, Кристер Петерсон, кој ја води истрагата од 2017 година денеска најпосле го откри убиецот. Кога Петерсон ја презеде истрагата, малкумина очекуваа напредок. Сепак, во февруари изјави дека се надева оти случајот би можел наскоро да се реши, иако не може да има обвинение, што укажуваше дека осомничениот убиец е мртов.
Палме беше убиен во Стокхолм непосредно пред полноќ на 28 февруари 1986 година, враќајќи се од кино со својата сопруга.
Социјалдемократот Улоф Палме беше премиер на Шведска од 1969 до 1976 година и од 1982 до 1986 година.
Улоф Палме
Некои го сметаат за архитект на модерна Шведска, додека конзервативците не го сакаат затоа што ги критикуваше САД.
Во 1989 година ситен криминалец беше осуден во првостепен суд за убиството на 59-годишниот Палме, но беше ослободен после жалба и почина во 2004 година.