Германскиот министер Мас патува во Израел, ќе лобира против анексијата

Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас патува во Израел, каде што ќе го предупреди премиерот Бенџамин Нетанјаху да не спроведува анексија на окупираните делови на Западниот брег.

Планираната анексија на еврејските населби и долината Јордан е дел од контроверзниот план за Блискиот Исток на американскиот претседател Доналд Трамп што Палестинците го отфрлаат и презентираа контра-предлог на квартетот (Европска унија, ООН, Русија и Соединетите Држави) што предвидува создавање суверена, независна и демилитаризирана палестинска држава.

Мас ќе го пренесе ставот на Европската Унија до Израел, каде што ќе се сретне со министерот за надворешни работи Габи Ашкенази и министерот за одбрана Бени Ганц.

Брисел остро се спротивставува на анексијата, рече шефот на германската дипломатија, која ќе го преземе претседателството со Унијата на 1 јули.

Ова значи дека Берлин ќе има важна улога во одлучувањето дали ЕУ ќе воведе санкции за Израел, пишува агенцијата dpa.

Треба да знаете
Последни објави