Владата на СДСМ врши поткуп на гласачи и плаќа фирми со народни пари преку Македонски шуми

Интегрален текст од изјава на Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Владата на СДСМ врши поткуп на гласачи и плаќа фирми блиски до себе со народни пари преку ЈП Македонски шуми. Во тек на пандемија, кога власта вели дека нема пари за заштитна опрема, фирмите молат за помош, а илјадници работници се со минимални плати ЈП Македонски шуми во државна сопственост преку неколку тендерски постапки во висина од 8.5 милиони евра врши најбрутален поткуп пред избори. Кога ќе ја отвориме листата на фирми, добитници на тендерот ќе видиме фирми на лица блиски до власта. Имено над 3 милиони 149 илјади денари добила делчевската фирма Алпин Ком, сопственост на браќата Ѕвонко и Миле Лазаревски.

 

Ѕвонко Лазаревски е ова лице, говорник на партиски митинг на СДСМ во Делчево. Дали тендерот над 3 милиони денати е награда за политичката поддршка за СДСМ на нивните митинзи!?

Дали тендерите се делени случајно или целно ќе оценат граѓаните. Тајсон ДООЕЛ на Кирчо Витанов од село Пиперево, општина Василево, фирма регистрирана годинава, го добива тендерот во Струмица во висина од 1 милион 965 илјади денари.

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/videos/704367273680403/

Витанов е близок роднина на пратеничката Катерина Кузмановска и фамилијарно близок пријател на пратеникот од Пиперево Сашко Атанасов. Дали неговата блискост и врски со функционерите на СДСМ му помогнале на Витанов сопственик на новоформирана фирма да добие тендер од ЈП Македонски шуми и притоа да декласира фирмј со долгогодишно работење во шумарството од тој регион!? Ова се само дел од лицата блиски до власта кои се офајдиле од милионскиот тендер. Дополнително ќе бидат објавени и другите лица, блиски до власта.

Овој 8.5 милионски тендер во ЈП Македонски шуми непосредно пред избори е чист поткуп на гласови. СДСМ троши народни пари за партиски потреби. Македонија не може да продолжи кон провалијата кон која не туркаат СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.

 

Треба да знаете
Последни објави