На југот од Далмација преовладува сончево и топло време, а во севрните и средните делови невреме дивее проследено со обилен дожд, грмотевици и град, пренесува „Далмација денес“. Најмногу дожд до 10 часот има наврнато во Хрвац. Таму за само неколку часа паднале повеќе од 70 литри дожд на метар квадратен што е многу повеќе од просечните врнежи во екот на целиот месец јуни. Многу силен дожд паѓа и во Сињ каде се измерени преку 50 литри на метар квадратен. Поради обилните врнежи за краток временски период во областа Цетинска краина регистрирани се буици, а во некои делови поради големата вода отежнат е и сообраќајот меѓу Сињ и Хрвац.
Според мешатните од овој крај покрај невремето проследен со дожд и град проблеми создаваат и грмотевиците. Една молња удрила во бетонска ограда од семејна куќа во Хрвац и притоа урнала дел од ѕидот кој паднал над кров од куќа и ги искршил ќерамидите.