За руската економија потребни се неколку квартали за да закрепне од коронавирусот

На руската економија ќе и бидат потребни неколку квартали за да закрепне од пандемијата на коронавирус, изјави шефицата на руската централна банка, Елвира Набјулина.

„Коронавирусот не само што го замрзна нормалниот живот некое време. Сите ние разбираме дека последиците од епидемијата нема да исчезнат веднаш по укинувањето на ограничувањата. Вирусот всушност ги наруши сите планирани патеки на развој на економскиот и финансискиот систем”, изјави Набјулина во парламентот.

Таа додаде дека централната банка на иднината гледа пооптимистички отколку порано.

„Регионите ги олеснуваат ограничувањата, индустриските компании, трговијата и на некои места услужниот сектор почнуваат да работат, но според наша процена, пред нас остануваат уште неколку квартали за закрепнување“, рече таа.

Шефицата на Централната банка на Руската Федерација истакна дека во моментов финансискиот систем на Руската Федерација е во состојба да го поддржи економскиот раст

Треба да знаете
Последни објави