Честитки до сите ученици и наставници за успешно завршената училишна година

Општина Кисела Вода на сите ученици и на нивните наставници им честита за успешно завршената училишна година. Од почетокот на прекинот на наставата во нашата држава, училиштата во надлежност на Општина Кисела Вода преку онлајн далечинско учење реализираа богата наставна програма.

Учениците со помош на наставниците и своите најблиски, во домашни услови  имаа онлајн часови по сите наставни предмети. Училиштата реализираа активности за идната професионална ориентација на учениците од деветто одделение, а покрај ова, децата имаа и воннаставни активности. Учениците сликаа цртежи и по повод одбележувањата на повеќето домашни и меѓународни денови.

Општина Кисела Вода на сите наставници, родители, старатели, баби и дедовци на учениците, им благодари за вклученоста во воспитно образовниот процес, а воедно на учениците од следната учебна година им посакува среќна дружба во училишните дворови и нормално одвивање на наставата.

Треба да знаете
Последни објави