Казината во Лас Вегас повторно отворени, гостите не се многу загрижени поради вирусот

Во текот на викендот повторно беа отворени казината и рестораните во Лас Вегас, со што славниот град за забава се врати во игра повеќе од два месеца, откако беше затворен поради загриженост за јавното здравје во екот на пандемијата на коронавирусот.

Хотелите и атракциите доживеаја многу поголема посетенотст отколку што првично се очекуваше, поради што многу локални компании ги забрзаа плановите да ги отворат своите продавници во наредните недели, пишува „Си-ен-ен“.

Сепак, според извештаите од терен, од казината и прометните улици во Лас Вегас, малкумина посетители носеле маски за лице или одржувале физичко растојание – две мерки на претпазливост што локалните и федералните власти за јавно здравство ги промовираат со цел да се забави ширењето на Ковид-19.

Едноставно кажано, Вегас се врати, но веројатно не е толку безбеден колку што посетителите би сакале да биде, се вели во репортажата на Си-ен-ен.

„Во Вегас, најважно е што нашите гости се безгрижни, но во првите денови на повторно отворање, се чувствувам како можеби да има премногу „без“, а премалку „грижа““, вели Скот Робен, сопственик на блогот за патувања VitalVegas.com.

„Луѓето не се невнимателни, само не се толку параноични како што очекував да бидат“, објаснил тој.

Треба да знаете
Последни објави