Северна Кореја во своите води ископува песок и кршејќи ги санкциите на Обединетите нации, заработува милиони долари од неговата продажба, пренесува Си-ен-ен.
Аналитичари од вашингтонскиот Центар за унапредување на одбранбените студии, непрофитна организација, која анализира безбедносни прашања, забележале пред една година повеќе од 100 бродови во водите кај пристаништето Хаеџу во Северна Кореја. Во рамките на својата работа, двајца аналитичари го следеле сообраќајот во водите на Северна Кореја и Североисточна Азија.
Повод за нивната работа се наводите дека Пјонгјанг продава јаглен и други вредни стоки, некогаш и во многу големи количини на отворено море, за да избегне царина која мора да ги примени санкциите на ОН кон Северна Кореја.
Наместо да ја префрлат стоката во пристаниште пред трговијата, Севернокорејците наводно ја префрлаат стоката од еден на друг брод и го прикриваат нејзиното потекло, пишува Си-ен-ен.
Двајцата аналитичари откриле масовна операција, наводно вредна неколку милиони долари во која учествувале 279 бродови, кои ги заобиколиле санкциите на ОН.