Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави денеска дека радикални групи во сириската провинција Идлиб се обидуваат да го нарушат тримесечното примирје, кое го постигнаа Турција и Русија и се уште е во сила.
Тој во гостувањето на една турска телевизија истакна дека станува збор за засега непознати радикални групи кои се обидуваат да го прекршат примирјето, а за тоа е информирана и руската страна.
Акар не ги споменал воздушните напади врз неколку села, кои се под контрола на сириските бунтовници, извршени во понеделникот.