На 09.06.2020 околу 19.30 часот во СВР Велес, А.С.Н. и Ј.А., двајцата од Авганистан, пријавиле дека две лица физички ги нападнале и им одзеле пари.
Според пријавеното, додека тие се движеле по автопатот кон Р.Србија, во близина на с.Каласлари, велешко, едно од лицата им понудило да ги одвезе до граница за сума од 200 евра и тие прифатиле. Според пријавата, кога влегле во неговото возило дошло и другото лице и по кратко возење застанале и физички ги нападнале, им се заканиле со пиштол и им ги одзеле парите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.