Спасовски и канадскиот премиер Трудо во разговор преку видео конференциска врска: КОВИД-19 е глобален предизвик и потребни се глобални одговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска оствари разговор со премиерот на Канада Џастин Трудо преку видео конференциска врска, во кој двајцата соговорници се согласија дека КОВИД-19 е глобален предизвик и дека е потребен глобален одговор до кој треба да се стигне низ поблиска соработка преку мултилатералните институции.
Премиерот Спасовски во разговорот се заблагодари за активната улога што Канада ја игра на глобално ниво во справување со КОВИД-19, како и за помошта што Канада ја даде на Република Северна Македонија за надминување со последиците од коронавирусот.
Претседателот на Владата на Северна Македонија ја истакна одличната и континуирана соработка и партнерство со Канада, и потенцираше дека со нашето членство и сојузништво во НАТО се отвораат дополнителни можностите за соработка за што постои интерес од двете страни.
Премиерот на Канада Трудо од своја страна изрази задоволство од цврстата билатерална и значајна соработка и рече дека неговата земја се гордее за поддршката што Канада ја изразуваше за интегрцијата на Северна Македонија во НАТО, и што во иднина двете земји ќе соработуваат поблиску како сојузници.
Канада, истакна во разговорот со Спасовски премиерот Трудо, продолжува да ги поддржува напорите и аспирации на нашата земја за членство во ЕУ, и упати честитки што Владата на Северна Македонија во изминатите три години успеа да постигне значајни резултати и да надмине големи предизвици за да ги реализира Евро-Атланските аспирации на државата и на сите нејзини граѓани.
Треба да знаете
Последни објави