Челси има намера да го продаде играчот од средниот ред Рос Баркли, пренесува „Гардијан”.
Клубот пак е заинтересиран за дефанзивецот на Лестер, Бен Чилвел, играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Каи Хаверц и напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер.
Наводно, Челси сакал да го продаде Баркли за 15 милиони фунти. Њукасл е фаворит за потписот на играчот.
Баркли запиша 20 натпревари за Челси во сезоната 2019/20, а 26-годишниот Англичанец има 3 гола и 4 асистенции.