Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната од 21 до 29 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се спушти до 14,а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има локална појава на дожд, грмежи и засилување на ветерот. Повремено засилен ветер од северозапад ќе има во сабота преку денот.