Би-Би-Си на српски јазик
Се тргна кога организаторите на првиот Зимски фестивал во Хаџиќи – Општина во кантонот Сараево, ги поканија мигрантите од камповите во близина да се забавуваат.
За Мароканецот Илијас Бенему, фудбалот е меѓу најважните работи во светот, па дури и во тешките животни ситуации со кои се соочил како човек, кој потрагата по подобар живот во Европа го довела, барем за сега, до камп за мигранти во Босна.
Но, и тука спортот зазел важно место, бидејќи благодарение на ентузијазмот на луѓето од локалната заедница и помошта на германскиот второлигаш Ст. Паули, Илијас доби можност повторно да се дружи со „неговото височество” – фудбалот.
Аматерското спортско здружение (АСУС) одлчи да формира футсал клуб за кој би настапувале и мигрантите од камповите во околината на Сараево.
– Во Турција имав дозвола за претстој и играв фудбал, како кој било друг човек. Но, Ердоган ги смени правилата и истото важеше и за фудбалот – без имигранти, објаснува Бемену за Би-Би-Си на српски јазик.
Тој истакна дека сите од неговото опкружување се среќни поради одлуката и со нетрпение чекаат да заиграат фудбал.
– Видовме дека им е многу забавно да играат, да се натпреваруваат. На тој начин барем малку им е растоварено секојдневието со тренинзите, натпреварувачкиот дел, а потоа и преку дружењето, изјави за Би-Би-Си на српски Дамир Берило, еден од иницијаторите на проектот и член на АСУС.
Како се почна?
Се тргна кога организаторите на првиот Зимски фестивал во Хаџиќи – Општина во кантонот Сараево, ги поканија мигрантите од камповите во близина да се забавуваат.
Меѓутоа, набрзо по фестивалот, одржан е и првиот турнир во мал фудбал, на кој учествуваше екипа која во целост беше составена од истите луѓе.
Тогаш беше донесена одлука да се формира футсал клуб за мигранти. Аматерското спортско здружение (АСУС), чиј член е Берило, стои зад целата приказна. Ова здружение поднесе барање до Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина за регистрација и формирање на клуб.
Одлуката требаше да биде објавена во март, но со оглед на ситуацијата со коронавирусот се уште се чека на одлуката.
Активности и инклузија
„Сите сме среќни поради новата екипа и едвај чекаме да заиграме”. Така реагираше Илијас Бенему кога му го спомнавме новиот клуб. Бенему веќе шест месеци претстојува во прифатниот центар Ушивак.
За време на престојот во Турција како мигрант тренирал „двапати дневно – трчање, техника, контрола на топката”.
Илијас беше дел од екипата која зимата во Културниот спортски центар, идниот дом на новиот футсал клуб, одигра прв натпревар пред домашна публика.
Машрек и Магреб
Новиот клуб нема така да се вика, туку Урсус, што е латинско име за мечка.
Тоа е поради инклузијата, нагласува Берило и додава дека покрај мигрантите во новиот тим ќе можат да играат и жителите на Хаџиќи.
– Нема да има сегрегација, да играат само мигрантите, туку ќе имаме мешана екипа, но со акцент на мигрантите, и нивните деца и сите оние кои сакаат да тренираат, можат да тренираат, а во натпреварувачкиот дел оди најдобрата екипа, рече тој.
Гол во 90. минута
Соседот на Дамир, Илијас Бенему, фудаблски напаѓач од Мароко, изјави дека му се допаѓа во Хаџиќи, а посебно како се однесува локалното население кон него.
– Некои од нас овде прават проблеми, но нас луѓето во Босна не не осудуваат, бидејќи знаат дека сите не сме исти. Луѓето овде се добри, мирни, скромни и сакаат да помогнат, вели тој.
Иако неговиот опстанок е неизвесен, сигурен е во една работа – додека е овде сака да игра фудбал и да им предизвикува главоболка на противниците.
– Планирам да дадам многу голови, зошто да не? Поради што сум фудбалер? За да давам голови, полн со самодоверба заклучува Бенему.
Мигрантите во БиХ
Најголем број мигранти кои во моментот се наоѓаат во БиХ доаѓаат од Пакистан, Авганистан, Иран, Ирак, Мароко, Алжир и Тунис.
Пред пет години мигрантите патуваа низ Србија, додека сега во главно се движат по западниот крак на така наречената Балканска рута, па преку Грција, Албанија и Црна Гора пристигнуваат во БиХ, која им е последна станица пред Европска Унија.
Сите фудбалери-мигранти доаѓаат од Ушивак и Блажуј, два прифатни центри на територијата на кантонот Сараево.
Според податоците на Меѓународната организација за миграција на БиХ, во моментот во привремениот прифатен центар Ушивак сместени се 778 луѓе, додека во Блажуј сместени се речиси 1.400.
На територијата на БиХ постојат уште четири мигрантски кампови во близина на Бихаќ, во Унско-санскиот кантон.
Помош од институциите
Меѓународната организација за миграции, тело кое дејствува при Обединети нации, една е од првите која го препозна значењето на овој проект и понуди помош на нивните идејни носители.
Пред нив на помош притекна локалниот исламски центар, кој сопствената спортска сала ќе им ја даде на бесплатно користење на клубот за тренинзи.
Локалната власт исто така благонаклонето гледа на целиот проект.
– Веќе добивме некои документи дека ќе не поддржат во согласност со можностите. Финансиски не, но технички и организациски да, рече Барило.
Поддршка од германскиот клуб Сент Паули
Посебно се горди на донацијата што ја добија од фудбалскиот клуб Сент Паули од Хамбург.
Навивачите на германската екипа се познати по левичарските ставови и добрата соработка со клубот.
Клубот учествуваше во формирање на ФК Лампедуза, чиј играчки кадар го сочинуваат исклучиво мигранти, кои се преместени од истоимениот италијански остров во Хамбург. Организираа и фудбалски камп за мигранти во Сиракуза, град на италијанскиот остров Сицилија и го нарекоа „Шутни ги границите” (Kick the borders).
Со оглед на долгата историја на социјални ангажмани на овој клуб, Дамир Берило, инаку навивач на Ст. Паули, реши да им се обрати за помош.
Им се јави на „работниот круг за мигранти”, посебно одделени во клубот посветено на прашањата на „барателите на азил”.
– Таму ми се јави Леа Шефер, која кажа дека е заинтересирана и дека мора да види која опрема може да ни ја обезбеди, рече Берило.
Во првиот контингент добивме 20 дуксери, кои ги користеле првиот и вториот тим на Ст. Паули, додека другата пратка ќе се состои од дресови, шорцеви, штуцни и други материјали.
Треба да пристигнат кога ќе се смири ситуацијата со коронавирусот.
Сепак, општествениот и хуманитарен ангажман на овој клуб во сите земји не е препознаен на тој начин.
Британската антитерористичка полиција еден од заштитните знакови на нивните навивачи – пиратско знаме со череп и вкрстени коски, го стави на листата на терористички симболи.
Тогаш управата на клубот се огласи на официјалниот Твитер профил, согласувајќи се со нивниот играч Џејмс Лоренс дека се „горди на вредностите што ги застапуваат”.
Премногу планови
Покрај футсал клуб во план е да се организира тренинг на пинг понг, кошарка, карате, теквондо и крикет.
Постои идеја активностите да се прошират и на културно-уметничкиот дел при што мигрантите ќе го учат локалното население на фолклорните игри и обичаи, а жителите на Хаџиќи ќе возвратат со иста мера.
Се размислува и за фестивал на храна, организирање на училишта за јазици, законска едукација и слично.
– Тие се составен дел од нашето секојдневие. Заедо пиеме кафе едни покрај други, па зошто не би можеле да се дружиме, да играме фудбал, пинг-понг, да учиме едни од други, рече Дамир Берило.
Тој додаде дека жителите на Хаџиќи ги прифатиле мигрантите и „покрај некои ситни кражби” немало проблеми, ниту поголеми тензии.
– Во моментот живееме едни покрај други, а целта на се ова е да живееме едни со други”.