Претседателот на шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид, Енрике Серезо смета дека неговиот клуб треба да биде прогласен за победник во Лигата на шампионите доколку турнирот не се продолжи оваа сезона.
Натпреварувањето во Лигата на шампионите беше прекинато по четири од осумте 1/8 финални реванш-натпревари поради пандемијата на коронавирус.
Серезо потсети дека пред суспензијата на турнирот, неговиот тим го елиминира минатогодишниот победник во Лигата на шампионите, тимот на Ливерпул.
– Ја разбирам желбата на УЕФА да ги одржи преостанатите натпревари на едно место. Прво се зборуваше за Португалија, потоа за Мадрид. Но, верувам дека ако турнирот не заврши, трофејот треба да му се додели на Атлетико, затоа што ние бевме тие што ги елиминиравме сè уште актуелните шампиони.
Претходно, капитенот на Атлетико, Коке сподели слична идеја.