Д-р. Дуковски: Власта потфрли по сите параметри во борбата против корона

Интегрален текст од видео прес конференција на Д-р Душко Дуковски

 

„Македонија целосно потфрли во справувањето со корона вирусот. Надлежните потфрлија по основ на сите параметри меѓу кои ефикасноста на спроведени мерки, откривањето на заразени и бројката на спроведените тестирања. Македонија е со најлоши резултати во регионот, но и во светот, во борбата против Ковид-19. Имаме најмногу заболени на милион жители, имаме најмногу починати на милион жители.

Од ден на ден се зголемува и бројката на новозаболени медицински лица. Површноста на надлежните не доведе во оваа ситуација. Дополнително, не убедуваат вирусот слабее, се е под контрола, ова е „новата нормалност“. Нормалност е кога постои контрола врз епидемијата, и кога има стратегија за справување со корона вирусот, тогаш можеме да кажеме дека има нормалност.

Да потсетиме, тоа што го нарекуваа пик пред два месеци изнесуваше 30 новозаболени, и еден или двајца починати дневно, денес има троцифрени бројки на новозаразени и дуплиран е бројот на починати. Цената на површноста и неспособноста е голема. Здравјето на граѓаните е приоритет. Одговорност мора да има.

Треба да знаете
Последни објави