Парламентарните избори во Црна Гора најверојатно ќе се одржат во првата недела од септември, објави подгоричкиот весник „Побједа” повикувајќи се на неименувани извори од владејачката коалиција.
– Изборите ќе бидат одражани најдоцна во првата недела од септември, бидејќи новата влада ја очекува многу работа за државните финансии, чија стабилност е загрозена поради пандемијата со коронавирусот. Мора да се направат резови во јавната администрација, да се извршат важни интервенции во структурите на државните фирми, вклучително и докапитализација и „препакување” на државните финансии најдоцна до крајот на октомври, а не е фер тоа да го прави Влада чиј мандат е на крај, истакна неименуван извор.
Владејачката коалиција во Црна Гора очекува во втората половина од јули да добие дозвола од Венецијанската комисија за изборниот закон, кој е во собраниска процедура.