Се чини дека врската помеѓу Бен Афлек и Ана де Армас официјално достигна нови височини.
Новата двојка во средата беше забележана како оди на патување со децата на Бен, Вајолет (14) и осумгодишниот Семјуел.
Четворицата беа фотографирани пред да се качат во приватен авион во Лос Анџелес, уште еден знак за тоа колку е сериозна врската на Бен со Ана иако започна пред само неколку месеци.
Не е позната нивната дестинација, но според патните торби и куфери се чини дека планираат повеќе денови одмор.
Најмалата ќерка на Бен, Серафина, не е на фотографиите, но на семејството им се придружи и кучето на Ана, Елвис.