Дали Проја извршува нарачки на Заев оти ЈО ослободи член на семејството за производство на марихуана?

Интегрален текст од изјава на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Мери Проја Продановска е уште еден функционер на Зоран Заев за чие што семејство не важат законите, и се под заштита на обвинителството на Русковска, дури и кога се фатени во производство на дрога, само затоа што се извршители на нарачките на Зоран Заев.

Медиумите вчера објавија голем скандал поврзан со Проја, според кои МВР во 2017-тата година во дворот на викенд куќа сопственост на родителите на Мери Проја Продановска, во Маркова Сушица, пронашла 15 стебла марихуана, по што до ОЈО е поднесена кривична пријава по чл. 215 од КЗ, за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, кривично дело за кое казната затвор е од 3 до 10 години, а ЈО ја отфрлило пријавата, која била уредно документирана во МВР.

Како во оваа држава кога ќе ве фатат во производство на марихуана не одговарате!? А, луѓе кои немаат конекции со власта на Заев завршуваат во затвор за најбанални работи!? Дали е ова причината поради која Заев ја држи уценета Проја, која сега мора да извршува секакви нарачки!?Очигледно е дека Проја е должник на Заев и затоа се нафаќа да биде безпоговорен извршител на нарачките на параполицијата под контрола на СДСМ.

Дали можеби дрогата не ја произведувал друг член на семејството Проја, а само делото е препишано на нејзината мајка, родена во четириесетите години од минатиот век!? Мора да се напомене дека МВР целосно го расчистила настанот и со соодветна документација поднела кривична пријава до скопското јавно обвинителство. Како што пишуваат медиумите од непознати причини истата кривична пријава од страна на ОЈО Скопје во август 2018-тата година била отфрлена. Според медиумите, доказите против членот на семејството на Проја се очигледни. Криминалот е инфлагранти, а ЈО молчи исто како што молчи и за голем број други случаи каде што лица под сомнение се раководни структури во СДСМ. СДСМ вмешува и злоупотребува институции во партиска битка. Одговорност за ова однесување ќе има и мора да има. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.

 

 

Треба да знаете
Последни објави