По смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во рацете на американската полиција, контроверзна војна против спомениците ги зафати двете страни на Атлантикот, а една од нејзините најголеми „жртви“ досега е легендарниот воен премиер Винстон Черчил, пренесува „Спутник“.
Илјадници Норвежани потпишаа петиција за отстранување на статуите на поранешниот британски премиер Винстон Черчил и данско-норвешкиот писател и филозоф Лудвиг Холберг.Според иницијаторите, Черчил бил расист и бел врховист, а Холберг, кој е почитуван како татко на модерната данска и норвешка литература, бил трговец со робови.
„Неверојатно е што расистички белци кои сметале дека е во ред да ги угнетуваат црните луѓе до таков степен имаат место на нашите улици! Очекуваме да бидат отстранети и двете статуи! Во суштина, и двајцата беа расисти и тоа треба да биде доволен аргумент за да не стојат на нашите улици во 2020 година. За жал, сите нивни достигнувања се засенети од фактот дека биле расисти“, се вели во петицијата.
Досега петицијата собра над 4.200 потписи.
https://www.instagram.com/p/BmSX0B1BZ62/
Три метри долгата бронзена статуа на Сер Винстон Черчил беше откриена во 1976 година во чест на соработката меѓу Велика Британија и Норвешка за време на Втората светска војна. Статуата на Лудвиг Холберг беше откриена во 1939 година во близина на Народниот театар. Групата скулптури го прикажува Холберг помеѓу неговите ликови од комедија „Хенрик и Перниле“.
Хабун Хаши од малцинскиот тинк-тенк „Минотенк“ е загрижен дека самото поставување на статуите придонесува за почитување.
„Сакам сите статуи да бидат поставени во посоодветен контекст. На пример, Черчил, кој неспорно имал расистички став, се наоѓа во центарот на Осло и тоа му дава симболичен ефект што му оддава почит“, објаснува Хаши.
Според неа, статуите припаѓаат во музеите каде можат да бидат поставени во посоодветен контекст.
Спротивно на неа, историчарот на уметност Томи Сорбо ја критикува за иницијативата и смета дека отстранувањето на статуите може да доведе до поларизација.
„Јас не ги бранам нив и тоа што го направиле, но ја бранам слободата на говорот. Ако сакаме да имаме слобода на изразување, мора да имаме можност да издржиме изрази што не ги сакаме, како што се уметнички дела од минатото. Во спротивно, би можеле да завршите како терористи на Исламска држава. Велат дека таму каде што горат книги, ќе горат и луѓе“, рече историчарот на уметноста за ТВ2.
https://www.instagram.com/p/B9uHH2KB3WY/
Ова не е прв обид Норвешка да се ослободи од „расистичката“ уметност. Претходно неделава, Зелената партија повика сликата „Правда“ од 1762 година да биде отстранета од Градското собрание на Берген. Хенрик фон Ахен, директорот во Музејот на универзитетот Берген, предупреди да не се отстрануваат сеќавањата од минатото.
„Ако ја преправате историја за да приспособите сè на сегашната ситуација, не можете да учите од историјата бидејќи веќе нема да постои“, предупреди тој.
Последните неколку недели, смртта на Флојд во САД предизвика големи демонстрации против расизмот во светот. Неодамна, неколку статуи на Винстон Черчил и кралот Леополд Втори во Велика Британија и Белгија беа вандализирани од демонстрантите и беа отстранети. Во Бристол, статуата на трговецот и филантроп Едвард Колстон од 16-тиот век беше уништена и фрлена во блиската река поради неговата улога во трговијата со робови.
Градоначалникот на Лондон Садик Кан ја искористи можноста да изјави дека сите статуи на поранешните трговци со робови треба да бидат отстранети од јавни места. Сепак, актите на вандализам беа осудени од премиерот на земјата, Борис Џонсон и од министерот за внатрешни работи, Прити Пател.