Италијанските медиуми пренесуваат дека се случил конфликт во Милан меѓу фудбалерот Златан Ибрахимовиќ и директорот на клубот Иван Газидис. Ситуацијат ескалирала кога Газидис се појавил на тренинг за да им каже на играчите дека се планира намалување на платите.
Милан го прифати планот на Газидис, а и играчите се согласиле намалување на платата за 50% за април, а за другите месеци да добијат цела плата.
-Зошто те немаше толку долго? Зошто се појави 48 часа пред натпреварот од полуфиналето на Купот? со повишен тон му се обратил Ибрахимовиќ на Газидис.
Неофицијално на тоа додал и дека „Милан не е повеќе клуб каков што беше“. На што Газидис одговорил: „Точно, Милан не е клуб каков што беше кога се во прашање успесите и финансиите“.
Милан утре го игра полуфиналето од националниот Куп со Јувентус и ќе се обиде во Торино да победи. Првиот меч заврши 1:1.