Наполи сака да го обнови договорот со Калехон

Италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи му понуди на напаѓачот Хозе Калехон нов договор, пренесува „Кориере дело Спорт”.

Според изворот, неаполитанците му нудат на 33-годишниот Шпанец нов договор за период од 2 години. Претходно беше објавено дека самиот фудбалер сака да се врати во својата татковина. За него е заинтересирана Валенсија.

Во сезоната 2019/20, Калехон има два гола и девет асистенции на 32 натпревари за Наполи. Договорот на Шпанецот со италијанскиот клуб важи до крајот на јуни 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави