Во Македонија по пауза од 42 дена пак има повеќе активни од оздравени пациенти со Ковид-19 од кога беше регистриран првиот случај на заразен на 26 февруари.
Според денешната статистика од Министерството за здравство, во изминатото деноноќие се регистирани 175 нови случаи на Ковид-19, па вкупната бројка дијагностицирани изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.687, што е за пет случаи повеќе од оздравените.
Министерот за здравство Венко Филипче на 30 април годинава соопшти дека првпат од почетокот на епидемијата во земјава има повеќе оздравени (738) отколку активни случаи (650) на ковид-19. До 30 април биле направени вкупно 16 436 теста, Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во моментот сместени се 84 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има 57 пациенти, во болницата во Битола хоспитализирани се 20 заразени, во Штип 14, а во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп примени се вкупно 36 пациенти.