(Видео) Трите деца ги загубиле во сообраќајна несреќа, по една година им се родила тројка

Во мај 2007 година, американското семејство Кобл било погодено од ужасна трагедија. Во сообраќајна несреќа ги изгубиле трите деца, а една година подоцна Лори Кол останала повторно трудна и родила тројка.

Мајката Лори Кобл се возела со своите три деца, 5-годишната Кајл, 4-годишната Ема и 2-годишната Кети кон дома, кога одеднаш камион натоварен со 20 тони електроника удрил во задниот дел од нивниот автомобил. Со неа во патничкото возило била и нејзината мајка, баба на децата, која имала скршени ребра, а Лори доживеала потрес на мозокот.

Лори не се сеќава на ништо, нејзиниот сопруг Крис морал да и каже дека нивните деца се мртви.Возачот на камионот Хорхе Мигел Ромеро, кој претходно бил казнет за брзо возење, не ја обжалил пресудата за убиство. По несреќата, парот се посветил на борба за промени во транспортната индустрија.

„Тоа е индустрија која се плаќа по километар. А, за возачите, тоа значи само едно – ако камионот е паркиран, тие нема да бидат платени“, вели сопругот Крис Кобл. „Тоа е всушност цела индустрија што промовира опасно возење. Возачите на камиони возат премногу брзо, возат уморни и ние сакаме тоа да се промени“, објаснува тој.

https://www.instagram.com/p/B_obR_yF4Ci/

Шест месеци по трагедијата, Лори забременила со тројка: две девојчиња и едно момче. Сопружниците веруваат дека ништо не е случајно.

Во мај 2020 година, Ешли, Ели и Џејк го прославија својот 12-ти роденден.

Треба да знаете
Последни објави