Тренерот на италјанскиот фудбалски првак Јувентус, Маурицио Сари изјави дека се соочува со тешкотии при истовремено користење на напаѓачите Кристијано Роналдо и Пауло Дибала.
– Дибала е феноменален фудбалер. Единствениот проблем е што е тешко да се натераат двајца извонредни играчи, како Пауло и Роналдо, да коегзистираат на теренот. Во исто време, двајцата се во можност да ја променат ситуацијата на натпреварот во секое време. Од тактичка гледна точка, не е лесно да се користат во исто време, меѓутоа, кога тим има двајца играчи со вакви квалитети, сите други треба да се усогласат, како во напад така и во одбрана, изјави Сари.