Полицијата информираше за инцидент во скопска приватна болница, но нема детали дали во тепачката учествувале вработени во истата.
Според МВР, инцидентот се случил вчера околу 13.45 часот во здравствена установа на улицата „16. Македонска бригада“.
-Скопјанката К.Г.(46) пријавила дека во установата била физички нападната од С.Л.(48) од Скопје. Сочинет е записник по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, велат од МВР.