Од понеделник десет лекари од државата и од клиниките, кои што имаат соодветна експертиза во областа на интерната медицина, пред се пулмологијата, како и десетина медицински сестри, ќе се приклучат на тимовите на Инфективната клиника и во болницата „8-ми Септември”, најави на денешната-прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочи дека за уште една недела ќе се одложи нормализирањето на работата во рамки на клиниките.
– За уште една недела ќе го одложиме нормализирањето на работата во рамките на клиниките, тоа што планиравме да биде претходно, заради тоа што сега овој кадар е потребен за да биде дополнување на кадарот којшто директно работи со овие пациенти, нагласи министерот за здравство, зборувајќи за пацинетите кои се заразени од Ковид-19 и се хоспитализирани во Инфективната клиника и во „8-ми Септември”.