Пред САД е вториот бран на случаи на коронавирусот , предупреди Ерик Тонер, експерт од Универзитетот Џон Хопкинс во Мериленд.
-Во некои делови на земјата се појавува нов бран на коронавирусот. Бранот е мал, но тој полека доаѓа, им соопшти Тонер на новинарите.
Тонер посочи дека во некои држави зголемувањето на бројот на инфекции го надминува зголемувањето на бројот на тестови што предизвикува загриженост во врска со можноста за одржување на епидемијата под контрола, пренесува агенцијата Анадолија.
Според него, ќе бидат потребни неколку недели за да се добие точен и прецизен увид во ситуацијата, додавајќи дека дотогаш може да биде „предоцна” за соодветен одговор.
Џефри Морис, експерт од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Пенсилванија, изјави дека вториот бран на епидемијата на коронавирусот веќе се јавува во Аризона, Тексас, Флорида и Калифорнија.
Ленс Волер, професор на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Емори, верува дека вториот бран ќе биде доста поразличен од првиот.
САД остануваат земја со најголем број инфекции и најголем број смртни случаи предизвикани од коронавириусот.
Повеќе од 114.000 луѓе во САД досега умреа од ефектите на Ковид-19, а бројот на заразените надмина два милиона.
Федералните држави, кои претходно воведоа рестриктивни мерки против ширењето на пандемијата, од 20 мај почнаа да укинуваат одредени ограничувања за стопанските субјекти и за движење на луѓето во јавниот простор.
Во последните денови, сепак, во многу делови од земјата е забележен врвот на заразата. Во Тексас, на примњер, вчера беше регистриран најголемиот дневен број на заразени од почетокот на пандемијата или вкупно 2.504 лица. Флорида неделава регистрира вкупно 8.553 случаи, најмногу досега за една недела. Исто така, од 13 мај значително е зголемен и бројот на хоспитализирани пациенти во Калифорнија.