Лидери од 12 земји потврдиле присуство на Парадата на Победата во Москва

Русија потврди дека сите доставени покани за Парадата на Победата во Москва се сè уште активни и дека 12 лидери веќе го потврдиле присуството на настанот.

Ова го соопшти денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот на Советот за национална безбедност, на кој присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин.

„Потврдивме дека сите покани се сè уште активни за сите поканети на парадата, првично планирана за 9 мај. Веќе добивме потврда од 12 шефови на држави, а повеќето се (лидери) од членови на ЗНД (Заедницата на независни држави)“ , Рече Лавров, а пренесе агенцијата „Тасс“.

Путин изјави дека за време на Парадата на Победа, што ќе се одржи на 24 јуни, безбедноста на странските гости мора да биде целосно осигурана поради пандемијата на коронавирус.

„Дефинитивно мора да обезбедиме целосна сигурност за нашите гости“, порача Путин.

Парадата на победата на Црвениот плоштад во Москва требаше да се одржи на 9 мај, но истата беше одложена поради пандемијата на коронавирусот.

 

Треба да знаете
Последни објави