САД ги продолжија санкциите против Белорусија за една година поради закана за националната безбедност од „одделни членови на Владата” на таа земја, се наведува во соопштение потпишано од американскиот претседател Доналд Трамп.
– Активностите и принципите на некои членови на белоруската Влада и други лица, продолжуваат да претставуваат голема опасност за националната безбедност и внатрешната политика на САД… Ќе ги продолжам санкциите, кои се воведени со претседателскиот указ 13405, за уште една година, пишува во соопштението.
Претседателскиот указ 13405 е потпишан на 16 јуни 2006 година по изборите во Белорусија, кои САД ги оценија како „недемократски”.